Мовта постои на Земјата повеќе од 400 милиони години. Во текот на овој период таа има преживеано многу климатски катастрофи кои уништија поголеми видови, како што се на пример диносаурусите. Неодамна, британските научници вратија во живот мов која 1.500 години била замрзната во Антартичкиот лед. Зошто овие мали растенија се толку отпорни на климатските промени? Професорите Ралф Рески и Питер Бејер со нивниот тим открија дека мовта има специфични гени кои брзо се активираат на ниски температури.

Нивните резултати беа објавени онлајн во истраувачкото списание New Phytologist.

Научници од Германија исто така правеа анализи на мовта Physcomitrella patens, која многу години е главен предмет на истражување на биотехнолошкиот тим на професорот Р. Рески. Најпрво тие потврдија активности на повеќе од 27.000 гени во мов одгледувана на собна температура и на различни периоди во време на студ и мраз. Потоа, тие со биохемиски и физички методи ги анализираа различните сигнали и заштитните молекули од овие растенија.

„Мовта, препознавајќи го падот на температурата, како сигнал го користи стрес хормонот ABA, кој во кус временски период води до три бранови на генетски активности“, објави Рески. „Како резултат на тоа мовта продуцира високо комплексни заштитни молекули“. Неверојатно е, научниците открија дека помеѓу најбрзите реагирачи биле многуте гени, непознати во било кој друг вид. Овие гени на мовта значајно придонесуваат за извонредната флексибилност на растенијата.

Кутикулите на растенијата потекнуваат од пред повеќе од 450 милиони години, кога првите растенија ги колонизирале дотогаш неплодните копнени површини. И бидејќи восочните кутикули штитат од загуба на вода, тие овозможиле распространување на растенијата и последователна еволуција на нашите сложени екосистеми. Семенските растенија кои еволуирале подоцна, користеле слични хемиски реакции за формирање на некои биополимери. Зацврстувањето на ѕидовите на клетките особено придонесува во произведувањето на дрво и им помага на дрвјата да растат неколку метри во височина. Спротивно на тоа, мовта не содржи лигнин и е малечка. Останува непознато кои биохемиски процеси придонесуваат за заштитниот слој на клетките на мовта.

Научниците заклучуваат дека кутикулите на мовта им претходат на еволуцијата на лигнин, кутин и суберин, што значи дека можеби потекнува од последниот заеднички предок на мов и семенски растенија – праисториските растенија кои го напуштиле животот во вода за да опстанат на карпите и со тоа да ги постават темелите на денешниот екосистем на копното.

„Резултатите откриваат една од најраните еволутивни иновации што им помогнаа на првите растенија да опстанат на Земјата повеќе од 450 милиони години“, објаснува Рески.

Share