Во реонот Автокоманда денешното уредување на средишното зеленило на булевар Александар Македонски го реализираме со активности на косење на трева, собирање откос и отпадоци. Средувањето на зеленилото се одвива етапно, долж булеварската жардиниера, со цел поголема прегледност и безбедност на учесниците во сообраќајот.
Долж страничното зеленило на булевар Партизански одреди новите зимзелени садници од видот туја вудворд се вистинско освежување кои теренските екипи деновиве етапно ги засадуваат. Нивната примарна функција е од особено значење за најфреквентната сообраќајница, дополнувајќи го просторот на зелениот коридор.
Уредувањето на зелените површини низ реон Бутел ги реализираме преку: - собирање лист и отпадоци - кроење рози и садници - оформување чинии околу садници Со овие активности е опфатено зеленилото кај кружниот тек и улицата Боца Иванова, а периодов ќе продолжиме и низ останатите јавни зелени површини во општината.
Нашите теренски екипи продолжуваат со садење на нови дабови садници, како дел од еколошката активност за пошумување на парк шумата Водно. Садењето се одвива на десната страна на патеката кон Марково крувче на Средно Водно, и ќе продолжи наредниот период, со цел збогатување на шумскиот фонд на Водно.
Окопување, прашење и кроење на розите на булевар Јане Сандански во општина Аеродром.
Оформување чинии околу младите нови садници во мега паркот Даме Груев.
Поткастрување на нискостеблеста вегетација на булевар Александар Македонски.
Во рамките на редовната практична настава, учениците од 3 година во СУГС Сарај денес го посетија нашето претпријатие. Директорот Сефи Шабани ги прими учениците и ги запозна со работата на претпријатието, по што тие добија корисни информации кои ќе им помогнат во понатамошниот образовен процес. Нашето претпријатие е отворено за соработка со сите образовни институции