Акцијата за уредување на зеленилото на кејот на Вардар, продолжи и денес.
Уредените цветни површини низ булеварите и парковите даваат полн сјај на зеленилото во градот.
Распоредени по тимови екипите од сите реони започнаа голема акција за косење на зеленилото на кејот на реката Вардар, на потег од мостот во населба Хром долж мостот Близнак, од двете страни на реката. Активностите на терен ги следеше и директорот Сефи Шабани, разговарајќи притоа за состојбата и потешкотиите со кои се соочуваат теренските екипи
Започна реализацијата на проектот за градење капацитети за еко-системи и одржливо управување со шумите. Денес членови на јапонската агенција Џајка извршија демонстрација на проектот за пошумување на косини, користејќи метод наречен хидро-сеење. Оваа техника, веќе добро позната во Јапонија и низ светот, кај нас за прв пат се демонстираше денес на падините на парк-шумата Водно.
Продолжуваме со косење на тревните површини и собирање откос низ градското зеленило.
Вредните раце на нашите екипи ги проткајуваат цветните бои низ зеленилото во градот.
Денес директорот Сефи Шабани ги посети производните погони на претпријатието - Флораком ДООЕЛ, за тоа како течат подготовките за садењето на летниот расад. Воедно, се разговараше и за целокупниот процес на производство на цвеќе и постоечкиот капацитетот. Асортиманот од повеќе видови летен расад веќе го красат зеленилото низ градот, што како обележје на Скопје за
За пријатно и безбедно движење низ велосипедските и пешаките патеки во градот, екипите започнаа акција за поткастрување на гранките од дрвјата долж бул. М.Т. Гологанов, бул. АВНОЈ, ул. Никола Парапунов и бул.11 Октомври. Акцијата ќе продолжи и наредните денови.
Го разубавивме просторот кај Музеј на Град Скопје. Честит Меѓународен ден на музеите!