Распоредени по тимови екипите од сите реони започнаа голема акција за косење на зеленилото на кејот на реката Вардар, на потег од мостот во населба Хром долж мостот Близнак, од двете страни на реката.
Активностите на терен ги следеше и директорот Сефи Шабани, разговарајќи притоа за состојбата и потешкотиите со кои се соочуваат теренските екипи во извршување на своите задолженија.
Со акцијата, која ќе продолжи и во текот на утрешниот ден, ќе се изврши косење на трева, диво-израсната вегетација и грмушки покрај пешачките патеки и косините долж кејот.

Share