Денес членови на јапонската агенција Џајка извршија демонстрација на проектот за пошумување на косини, користејќи метод наречен хидро-сеење. Оваа техника, веќе добро позната во Јапонија и низ светот, кај нас за прв пат се демонстираше денес на падините на парк-шумата Водно. На демонстрацијата присуствуваше дел од раководството на ЈП Паркови и зеленило, студенти и професори од Шумарски факултет и претставници од ЈП Македонски шуми.
Благодарност до агенцијата за меѓународна соработка Џајка за пренесеното искуство и знаење.