Работната недела ја завршуваме со собирање и товарење на паднатите лисја низ зеленилото на Кејот на Вардар, во центарот на градот.
Денес со сезонска љубичица ги уредивме цветните леи на булевар Србија во општина Аеродром.
Кроење и оформување на крошните на дрвјата деновиве е главна активност на нашите екипи во кругот на Зоолошката градина. Во соработка со Противпожарната бригада на Град Скопје, нашите екипи вршат кастрење на повисоките гранки, со цел безбедно движење на сите жители и посетители на Зоолошката градина.
Градинарскиот котонеастер (cotoneaster) е новиот вид на нискостеблесто растение со кој го започнавме уредувањето на зеленилото на средната жардиниера на булеварот Никола Карев. Садењето ќе продолжи и наредните денови, каде ќе се дополни со други видови на нови садници.
Цветната фигура Пеперутка на булевар Видое Смилевски Бато и цветната леа во Рајски парк ги уредивме со сезонски расад од видот viola, чии цветови даваат вистинско освежување во овие зимски денови.
Нови јавори на булевар Александар Македонски Новите јавори acer sp. целосно го дополнуваат дрворедот на страничното зеленило на булевар Александар Македонски. Во денешното садење на новите садници активно учествуваа директорот Сефи Шабани заедно со дел од раководниот тим на претпријатието со цел реализација на заложбите за повеќе зеленило на јавните површини во градот.
Декоративната brassica е новиот цветен расад со кој денес започнавме да ги уредуваме цветните леи на страничното зеленило на булевар Партизански одреди. Сезонскиот расад целосно се вклопи во уредување на цветната фигура Желка, како и во украсувањето на дел од останатите цветни површини на зеленилото на булевар Илинден.
Овие декемвриски денови екипите тековно вршат собирање на лисната маса низ сите зелени површини и паркови во градот. Денес оваа активност ја реализираме по должина на зеленилото на булевар Александар Македонски.