Денес екипите ги исчистија езерцата во Градскиот парк од паднати лисја, гранки и отпадоци.
Вадење на стариот расад и подготовка на леите за престојното садење низ градското зеленило.
Кроење рози и нискостеблеста вегетација, собирање лисја, хартија и отпадоци се денешните активности на екипите во паркот Ибни Пајко.
Десетгодишнината од основањето на Здружение на граѓани АКЦИЈАШИ Скопје, денес го одбележавме со симболично садење на десет садници од видот thuja rozentalis во дворот на паркот на Пензионерскиот дом во Чаир. Донираните зимзелени садници веќе го разубавиваат зеленилото во дворот, благодарение на трудољубивоста, посветеноста и заложбата на лицата од здружението, овозможувајќи во просторот пријатен престој
Ги искроивме розите и нискостеблеста вегетација кај кружниот тек во реон Бутел. Продолжуваме со одржување на зеленилото низ останатите јавни површини во оваа општина.
По барање на ЈСП денес екипите од сектор Дрвореди извршија кастрење и обликување на дрвјата пред влезот на жичарницата на Средно Водно, со цел безбедно движење на посетителите.
Кроење вегетација, уредување на зеленилото, собирање лисја, хартија и отпадоци се активностите кои денес ги извршуваме во општина Чаир.
После силниот ветар кој викендов го зафати градското подрачје, теренските екипи ги собираат паднатите гранки од дрвјата на булеварите Партизанска, Илинденска и Теодосие Гологанов, како и во Градскиот парк.
Ги информираме граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвја поради најавите од УХМР за нестабилно време проследено со умерен до засилен ветер, кој во текот на ноќта и во утрешниот ден дополнително ќе се засили. Доколку забележите паднато дрво Ве молиме да пријавите во ЦУК на тел. 195 или дежурните телефони објавени на нашата
Акцијата за чистење и уредување на зеленилото на патот кон Бојане продолжува. Со зголемен број на работници и механизација, интензивно се расчистува вегетацијата покрај патот кон с. Бојане при што се врши: ➪ Косење на тревните површини, ➪ Кастрење на нискостеблеста вегетација и дрвја, ➪ Чистење на отпадоци, ➪ Утовар Активностите ќе продолжат и наредните