Денес екипите од секторот Дрвореди во соработка со ЈП Градски паркинг го уредуваат зеленилото покрај паркингот, зона Д3, позади ТЦ Бисер во општина Аеродром. Се врши кастрење и оформување на крошните на дрвјата, со цел попристапно и побезбедно паркирање на возилата.
Поволните временски услови ни дозволија да започнеме со садење на вегетација на просторот кај Даут-пашин амам, што опфаќа целосно хортикултурно уредување со нови садници.