Автор: unet

  • Гази Баба

    Гази Баба

    Парк на природата „Гази Баба“

    Паркот на природата „Гази Баба“ претставува вештачки подигната шума која се наоѓа во средиштето на градската урбана зона. Зеленилото на овој локалитет е интегрален дел на градот, и е во функција на здравјето на луѓето, бидејќи има огромно хигиенско-санитарно значење како и естетска вредност и претставува атрактивен, интензивно пошумен простор со површина од 105ха. Со цел да се сочува шумата, секоја година се применуваат соодветни одгледувачко-мелиоративни мерки.

    Локалитетотот Гази Баба, како Парк на природата на градот Скопје, претставува релативно поголема површина обрасната со шумска рaстителност. Се наоѓа на источниот дел  на градската урбана средина, во близина на скопската населба Железара и лежи на просечна надморска височина од околу 300 метри.

    Шумата на локалитетот Гази Баба е со посебна вредност. Во средиштето на една урбана средина како што е градот Скопје ретко се среќава ваква голема површина под шума.

  • Водно

    Водно

    Парк-шумата „Водно“ како комплексен екосистем има посебно значење за градот Скопје преку остварувањето на својата еколошка и енвироментална функција. Санитарно-хигиенските функции на планината Водно за градот се однесуваат, на влијанието на микроклимата, значењето во прочистувањето на воздухот, позитивните ефекти за намалувањето на бучавата, заштитата од поројните дождови, одржувањето на водниот и температурниот режим. Посебно значајна е рекреативната улога на парк-шумата Водно, како и архитектонско-естетската вредност на истата.

    ВОДНО

    Планината Водно, во чиј состав се протега парк-шумата Водно, се наоѓа во централниот северен дел на Македонија. Планината од запад е ограничена со клисурата на реката Треска, додека југоисточната граница е дефинирана со басенот на Маркова Река.

    Парк-шумата Водно е најзначајниот зелен појас за Градот Скопје. Планината Водно со своите геолошки, геоморфолошки и биолошки вредности има посебно значење за неговите жители.

    Прогласена е за парк-шума во 1976 година, пренесена е под ингеренции на ЈП Паркови и зеленило во 1988 год.

    Се наоѓа на југозападниот дел на Скопската Котлина и се протега во правец исток-запад во дожина од 12km и ширина од 5.5km.

    Зафаќа вкупна површина од 4.573ha, природните шуми зафаќаат површина од 1410ha: деградирани ниски дабови  ниски шуми шикари и црн бор.

    Во рамките на пошумените делови на Водно, особено се значајни и атрактивни чистите насади на црн бор. Водно, коешто за разлика од минатото, сега претставува целосно зашумен дел, благодарение на специфичната геолошка подлога и клима, населено е со релативно богат растителен и животински свет.

    За богатото флористичко богатство зборува присуството на околу 900 видови, што претставува скоро 1/3 од вкупната флора на Република Македонија. Од фауната на Водно најбогата, но и најмалку проучена, е фауната на без’рбетниците. Од друга страна, фауната е богата со: скакулци, дневни пеперутки, тркачи, водоземци, влекачи, птици, цицачи. Додека пак од габи се регистрирани 143 видови (најзастапени макромицети).

    Вегетацијата започнува во месец април, а крајот на вегетацијата е во месецоктомври. Вегетациониот период трае околу 7 месеци. Апсолутен максимум  е забележан од 43 степени, додека апсолутно минимална температура на воздухот е забележана  со температура од 19,8 степени.

    Во парк-шумата Водно, однодно во Скопската Котлина преовладува умерено континентална клима. Летата се суви, долги и топли а пак зимите се умерено ладни со периоди на екстремни суви мразеви.

    Во парк–шумата се сретнуваат седум воопштени групи на екосистеми:

    1. Природни шумски екосистеми

    * Дабови шуми

    * Костенови шуми

    * Шикари

    1. Антропогени шуми

    * Мешани листопадни и четинарски шумски насади

    * Црноборови насади

    1. Отворени простори со смреки
    2. Суви тревести екосистеми
    3. Варовнички клифови
    4. Обработливи површини, лозја и овоштарници
    5. Населени места

    Парк-шумата Водно со зачуваните пејзажи претставува препознатлив амбиент којшто е доста посетен од граѓаните на Скопје како нивно најважно рекреативно подрачје како природна околина. Највисокиот врв на Водно – Крстoвар (1.067 m) со планинарскиот дом и новоизградениот милениумски крст, претставува видиковец и маркантно обележје на градот и за целата Скопската Котлина. На повисоките делови на Водно местимично се зачувани состоини од костен, даб, јасен и габер.

  • Сезонски активности на уредување на зеленилото!

    Периодов нашите екипи, активно работат на уредување на зеленилото  во пресрет на пролетта. Се врши кроење и кастрење на сувите гранки од дрвјата, кроење и обликување на грмушки, како и сезонско кроење на рози. Со овие активности опфатено е и отстранувањето на диво израснатото зеленило покрај патеките за движење низ  јавното зеленило.

    Истовремено,   се работи на  одржување на чистотата на јавните зелени површини низ градското зеленило со отстранување на смет и отпадоци, и собирање на лисја од тревниците.

    Ова се дел од тековни активности за континуирано, редовно одржување на вегетацијата кои се  адекватни за овој временски период од годината.

  • Креативноста продолжува!

    Уште една куќичка екипи на  ЈП „Паркови и зеленило“ деновиве изработија на трупецот на едно старо деградирано дрво. Во паркот во Чаир истото  го краси просторот и претставува вистинско интересно катче за минувачите и посетителите, особено за најмладите – дечињата.