Парк на природата „Гази Баба“

Паркот на природата „Гази Баба“ претставува вештачки подигната шума која се наоѓа во средиштето на градската урбана зона. Зеленилото на овој локалитет е интегрален дел на градот, и е во функција на здравјето на луѓето, бидејќи има огромно хигиенско-санитарно значење како и естетска вредност и претставува атрактивен, интензивно пошумен простор со површина од 105ха. Со цел да се сочува шумата, секоја година се применуваат соодветни одгледувачко-мелиоративни мерки.

Локалитетотот Гази Баба, како Парк на природата на градот Скопје, претставува релативно поголема површина обрасната со шумска рaстителност. Се наоѓа на источниот дел  на градската урбана средина, во близина на скопската населба Железара и лежи на просечна надморска височина од околу 300 метри.

Шумата на локалитетот Гази Баба е со посебна вредност. Во средиштето на една урбана средина како што е градот Скопје ретко се среќава ваква голема површина под шума.

Share