Директорот Сефи Шабани денес направи увид на терен за состојбата на зеленилото низ реоните за тоа како се одвиваат активностите на косење на тревата. Масовното косење на нараснатата трева периодов го вршиме секојдневно со зголемен интензитет. Со максимално ангажирање на сите расположиви ресурси посветено ги реализираме пролетните активности, со цел уредени и чисти јавни зелени
Приоритетно, актуелно, интензивно! Екипите на терен вршат косење на тревата низ зеленилото насекаде низ градот.
Жардиниерата кај Споменикот на ослободителите на Скопје ја уредивме со нов летен расад.
Ги косиме тревните површини и собираме откос низ зеленилото во реон Топанско Поле.
Акција за чистење на кејот на Вардар со комуналните претпријатија на Град Скопје.
Дел од пролетното косење на тревните површини и собирање откос денес го реализираме од кружниот тек во Бутел долж улицата Боца Иванова.
Посетеноста беше одлична за време на продолжениот викенд на СРЦ Сарај, каде денес екипите вршат тековни активности на одржување на зеленилото во паркот.
Поради здравствени предизвици денес си поднесов оставка од функцијата директор на ЈП Паркови и Зеленило. И благодарам на градоначалничката Арсовска за укажаната доверба и можност, но здравјето е поважна од секоја функција.На новото раководство му посакувам успешна и плодна работа. Со почит З.Реџепи