Оваа работна недела ја започнавме со косење на зеленилото на бул.Александар Македонски во Автокоманда. Теренските екипи со соодветна механизација го уредуваат зеленилото како на средната лента, така и од двете страни на булеварот, на излезот од Скопје. *
Покрај естетиката, хортикултурната структура на булеварското зеленило низ сообраќајниот крвоток е од особено значење против аерозагадувањето во урбаните средини на градот.
Салвија, импатијанс, тагетес, бегонија и агератум се цвеќињата со кои што нашите теренски екипи ги разубавеа цветните форми и леи низ градот.
Косењето на тревните површини е сѐ уште актуелна активност на екипите низ сите реони во градот.
Летните цвеќиња се тие кои неизбежно ќе ве пресретнат низ зеленилото во градот.
По повод 5 јуни, светскиот ден на животната средина, денес во паркот на природата Гази Баба организиравме акција за чистење на отпадоците, во која се приклучија поголемиот дел од административните работници, како и раководството на претпријатието. Да го промениме светот, почнувајќи од својата животна средина!
Денешното дружење го поминавме интересно и насмеано заедно со дечињата од градинката Монтесори - Изворче, по повод 1 јуни - меѓународниот ден на децата. Учевме за тоа како се садат цвеќиња, заеднички разубавајќи го зеленилото во кругот на градинката. Една од навиките кои треба да ја пренесеме на идните генерации е грижата за чиста и