Денешното дружење го поминавме интересно и насмеано заедно со дечињата од градинката Монтесори – Изворче, по повод 1 јуни – меѓународниот ден на децата.
Учевме за тоа како се садат цвеќиња, заеднички разубавајќи го зеленилото во кругот на градинката.
Една од навиките кои треба да ја пренесеме на идните генерации е грижата за чиста и здрава животна средина.
Работиме и се надеваме во остварување на таа мисија.
Благодариме на целиот тим на Монтесори, а посебно на дечињата.
Поздрав до следното видување!
Share