Како општествено одговорно претпријатие активностите за зазеленување на градот ги продолжуваме понатаму. За успешно реализирање на оваа цел свој придонес  со садење на садници,  покрај директорот дадоа и претседателката и членовите на управниот и надзорниот одбор на претпријатието. Новите засадени зимзелени садници го облагородија  зеленилото во паркот Македонија, како неминовна содржина на јавните зелени површини.
Ангажираноста, посветеноста и вложениот труд се секогаш приоритет по којшто јавното претпријатие работи и ги реализира поставените цели и визии. Како дел од овие активности е и проектот „микро 20“. Со уредувањето на булеварските зелени површини, како еден од приоритетните делови на озеленување на урбаните простори во градот, со проектот „микро 20“ му се дава
Активностите за уредување на јавните зелени површини и зазеленување на градот, периодов активно се одвиваат. Нови садници се засадија на повеќе локации низ булеварското зеленило и зелените коридори на магистралните улици и парковите.  Во активностите на екипите во садењето активно се приклучи и директорот Ардијан Муча, при што секојдневно заедно со голем број на граѓани,
Екипите продолжуваат со активностите на уредување на сите делови низ јавните зелени површини во градот. Така, деновиве во центарот на градот, на улица Васил Главинов се изврши партерно хортикултурно уредување на зеленилото со нови садници. Екипите извршија зазеленување со засадување на 76 украсни садници. Проектите за уредување на зелените површини низ градското подрачје ќе продолжат
Деновиве, во тек е есенската акција на садење садници. Планираните активности на садење се одвиваат етапно, при што ќе бидат опфатени сите зелени површини во градот. Со оваа акција ќе се засадат млади зимзилени и листопадни садници, рози, грмушки како и топијари. Во координација со Град Скопје кој ги обезбеди садниците деновиве од зимзелени садници