Активностите за уредување на јавните зелени површини и зазеленување на градот, периодов активно се одвиваат. Нови садници се засадија на повеќе локации низ булеварското зеленило и зелените коридори на магистралните улици и парковите.  Во активностите на екипите во садењето активно се приклучи и директорот Ардијан Муча, при што секојдневно заедно со голем број на граѓани, здруженија, организации, спортисти, студенти… извршија садење на листопадни и зимзелени садници на повеќе зелени површини.

Разубавувањето и уредувањето на градското и вонградското зеленило продолажува и наредните денови, како дел од есенската акција за садење садници.

Share