Деновиве, во тек е есенската акција на садење садници. Планираните активности на садење се одвиваат етапно, при што ќе бидат опфатени сите зелени површини во градот. Со оваа акција ќе се засадат млади зимзилени и листопадни садници, рози, грмушки како и топијари. Во координација со Град Скопје кој ги обезбеди садниците деновиве од зимзелени садници се садат видови на туја, црн бор, смрека, а од листопадни садници: јавор, липа, ликвидамбар, јасен, габер, костен, багрем, каталпа и др. Активностите на уредување и зазеленување на јавните зелени површини продолжува, како неопходен сегмент во грижата за животната средина.

Share