Екипите продолжуваат со активностите на уредување на сите делови низ јавните зелени површини во градот. Така, деновиве во центарот на градот, на улица Васил Главинов се изврши партерно хортикултурно уредување на зеленилото со нови садници. Екипите извршија зазеленување со засадување на 76 украсни садници.

Проектите за уредување на зелените површини низ градското подрачје ќе продолжат да се реализираат и во наредниот период согласно планираните активности.

Share