Ангажираноста, посветеноста и вложениот труд се секогаш приоритет по којшто јавното претпријатие работи и ги реализира поставените цели и визии. Како дел од овие активности е и проектот „микро 20“. Со уредувањето на булеварските зелени површини, како еден од приоритетните делови на озеленување на урбаните простори во градот, со проектот „микро 20“ му се дава токму, еден нов изглед на зеленилото во гардот. Истакнувајќи ја соработката со Град Скопје, екипите на јавното претпријатие овој проект изминатиов период го реализираа со хортикултурно уредување – садење вегетација од разни видови на садници. Така, садење се изврши: во близина на Пошта, на булевар Св.Климент Охридски, булевар Кочо Рацин, булевар Кемал Сејфула, во близина на Поликлиниката „Чаир“, Градски парк, а уредувањето ќе продолжи и на останатите булевари во градот.

Овој проект,  како  предизвик  на јавното претпријатие, претставува поттик и заложба за понатамошно реализирање на проекти од ваков тип; за зеленило и чист воздух кои ни се потребни на сите нас.

Share