Утрово на зеленилото на булеварите В.С.Бато и Партизански одреди во Влае, започнавме подготовка на теренот, со копање дупки, за претстојното садење на повеќе видови садници.
Категорија: Тековни информации
-
Сектор Дрвореди
Во рамките на денешните активности екипите од сектор Дрвореди извршија кроење на дрвја на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов и улица Рузвелтова.Активностите се одвиваа на дел од вегетацијата покрај наведените локации, со цел овозможување на видливост и поголема прегледност на сообраќајните знаци и сигнализација за сите учесници. -
Подигање зеленило
Забележително се издвојува површината на која периодов посветено работиме на реконструирање на зеленилото, од десната страна на кејот на р. Вардар во општина Карпош, овозможувајќи наскоро прекрасено уреден зелен простор за сите посетители. -

Тековни активности
Денес камионите се на терен низ реоните Кале, Капиштец и Аеродром, за изнесување на собраниот лист од зеленилото.
-

*
Првиот снег во Скопје утрово натежна врз гранките на дрвјата и нискостеблестата вегетација. Дежурните екипи се на терен и ги ослободуваат дрвцата од снегот, со цел да се избегне кршење на гранките. Воедно тие вршат и расчистување на пешачките патеки и клупи во јавните парковски површини. -

Мега – парк Карпош
Првата фаза од изграбата на новиот мега-парк во општина Карпош е завршена. Површината на зелениот појас на која се простира паркот е 86.000 метри квадратни. На просторот кој беше запуштен, неуреден и непристапен, сега прераснува каде што се уредува со ново зеленило, садници, дрвја, пешачки патеки, а продолжува со поставување на парковски урбана опрема, паркови за миленици и паркинг за посетителите. Како дел од програмата „За модерно Скопје“ ова е уште еден проект со кој се реализира долгорочното унапредување, заштита и зачуваување на животната средина во градот.
-
Цветно уредување
Пејзажот низ јавното зеленило периодов го дополнуваме со новоуреден цветен сезонски расад на цветните фигури и леи на повеќе локации низ градот.
-
*
Денес се работеше на уредување на зеленилото во Општина Чаир.
Директорот Јетон Буќи заедно со менаџерскиот тим на претпријатието
беа на терен одблиску да ги следат работите што се одвиваат во одржување и уредување на зелените површини и грижата за чиста и зелена општина.



































