Првата фаза од изграбата на новиот мега-парк во општина Карпош е завршена. Површината на зелениот појас на која се простира паркот е 86.000 метри квадратни. На просторот кој беше запуштен, неуреден и непристапен, сега прераснува каде што се уредува со ново зеленило, садници, дрвја, пешачки патеки, а продолжува со поставување на парковски урбана опрема, паркови за миленици и паркинг за посетителите. Како дел од програмата „За модерно Скопје“ ова е уште еден проект со кој се реализира долгорочното унапредување, заштита и зачуваување на животната средина во градот.