Во рамките на денешните активности екипите од сектор Дрвореди извршија кроење на дрвја на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов и улица Рузвелтова.
Активностите се одвиваа на дел од вегетацијата покрај наведените локации, со цел овозможување на видливост и поголема прегледност на сообраќајните знаци и сигнализација за сите учесници.