Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ реализираа активности за уредување и расчистување на теренот на Кале во Скопје. Работните задачи опфатија машинско косење, сечење на диви избојци, собирање на тревната маса и нејзин утовар во камион. Со ваквите активности континуирано се грижиме за одржување на зелените површини, но и за заштита и зачувување на значајното
На ниво на меѓуинституционална соработка  в.д. директорот Муамер  Сефери оствари средба со градоначалничката на општина Кисела Вода, г-ѓа Бети Стаменкоска Трајкоска. Отворениот дијалог се одвиваше во насока на взаемна соработка во областа и дејноста за зеленилото и одржувањето на јавните зелени површини низ општината, при што беа договорени конкретни активности за периодот што следи. Планираната
Врнежите од снег кои утрово го зафатија подрачјето на Скопје веднаш ги мобилизира нашите теренски екипи да започнат со интервенции за расчистување на снегот од пешачките патеки покрај булеварите и парковите. Распоредените екипи истовремено вршат и отстранување на снег од дрвја и грмушки низ зеленилото низ сите реонски делови на градот.

Денес директорот Муамер Сефери оствари работна посета на Флораком ДООЕЛ Скопје. Во рамки на посетата, директорот се запозна со тековните активности, производствените капацитети и условите за работа, како и со можностите за унапредување на координацијата, ефикасноста на работата и квалитетот на процесите.

Во соработка со Општина Сарај и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје, денеска се спроведува акција за чистење и уредување на паркот во Сарај, со присуство на градоначалникот на Општина Сарај, г. Мухамед Елмази и директорот на претпријатието, г. Муамер Сефери. Во рамки на акцијата се реализираат активности за: • чистење на површините во паркот

Продолжува акцијата за одржување на зелените површини во Чаир. Нашите екипи, во соработка со Општина Чаир, и денес продолжуваат со работа на терен за чистење на зелените површини на повеќе локации во Чаир. Процесот директно го координира директорот Муамер Сефери, кој е присутен на терен и одблиску го следи реализирањето на активностите. Овој ангажман е

Денес теренските служби од оперативните сектори започнаа со спроведување на акцијата за чистење на зелените површини во населбата Топанско Поле. Се извршуваат активности на кастрење на високата вегетација, собирање лисја, хартиен отпад, пет амбалажа и слично и се врши нивно товарење и изнесување со камиони. Акцијата ќе продолжи и наредните денови низ зеленилото на општина

Муамер Сефери е назначен на позицијата в.д. директор на ЈП Паркови и зеленило - Скопје. На новиот директор му посакуваме успех во работата и успешна реализација на нови идеи и проекти за подобрување на квалитетот на животната средина во нашиот град во интерес на сите граѓани.

Денес оперативните служби од сите реони во градот спроведуваат акција за чистење на зелените површини, опфаќајќи го кејот, плоштад Македонија и поширокото централно подрачје.  

Новите зимзелени садници даваат свежина на просторот каде денес нашите екипи ги засадија во жардиниерите на главниот плоштад во центарот на градот. Покрај ова хортикултурно уредување, тековно извршивме и собирање на лисја, хартија и отпадоци низ повеќе делови на зелените површини во Центар со товарање на собраната маса во камион на кејот на Вардар, плоштадот