Кроење на суви и надвиснати гранки над велосипедските и пешачките патеки. Нашите екипи деновиве го уредуваат булеварското зеленилото на повеќе локации низ општина Карпош. Со цел зголемена прегледност и безбедност на минувачите денес се кастрат и се обликуваат крошните на дрвјата по должина на ул.Никола Парапунов.
Видливо се забележува новото хортикултурно уредување кое деновиве го вршиме по должина на целата средишна жардиниера на булевар Илинден, како и на делови од страничното зеленило. Вака украсено зеленилото, веќе дава поинаква слика на картата на зелениот колаж на градот.
Една од површините на кои периодов работиме по налог на Град Скопје е хортикултурно уредување на зелен плоштад - Касарна Илинден Универзитет Мајка Тереза. Обиколка на површината и увид во текот на работните активности направи директорот Сефи Шабани заедно со дел од раководниот тим на претпријатието. Интервенциите ги извршуваме етапно со прекопување на површината, пренос
Во денешните активности на екипите за средување и уредување на зеленилото во Градскиот парк увид направи директорот Сефи Шабани. Поздравувајќи ја ангажираноста на екипите, директорот им посака пријатна работна атмосфера во извршување на активностите за доуредување на цветните леи во паркот со сезонски расад, косење на тревните површини и уредување на лавиринтот и останатите зелени
Фокусирано работиме на уредување на јавното зеленило на булеварите во градот. По должина на страничното и средишното зеленило на булевар Осми Септември деновиве екипирано, со соодветна механизација, вршиме отстранување на пенушки, корења и дивоизрасната вегетација, обликување на дрвјата, како и хортикултурно уредување со нови садници. Активностите ќе продолжат и наредните денови согласно динамиката и предвидениот
Со декоративни зимзелени грмушки го збогатимивме зеленилото на средната жардиниера на булварите Илинден и 8ми Септември и страничното зеленило на улица Брадфордска. Распоредени праволиниски помеѓу дрворедот формирајќи зелена композиција растенијата даваат целина на булеварското зеленилото. Уредувањето ќе се одвива етапно и наредните денови на останати локации низ градското зеленило.
Деновиве со нова вегетација го облагородивме зеленилото на средната жардиниера на булевар Св. Климент Охридски во центарот на градот. Активностите на пејсажното планирање и уредување на булеварското зеленилото се значаен дел во обликувањето на зелените контури на јавните површни низ градот. Уредувањето на јавното зеленило ќе продолжи и наредните денови.
Со ново хортикултурно решение деновиве го разубавивме зеленилото на кружниот тек во Ѓорче Петров и ул. Московска.
По вандалското однесување на несовесни граѓани за време на викендов на Средно Водно, кога беше направена штета врз урбаната опрема, нашите екипи излегоа на терен и веднаш ги реконструираа парковските елементи во парк - шумата. АПЕЛИРАМЕ на совесно и одговорно однесување на сите граѓани при посета на зелените парковски површини.
Топлото време значително влијае на вегетацијата, особено врз зеленилото во урбаните градски средини. Она што е потребно во тој период е редовно наводнување на тревните површини, садниците и на цвеќињата. Денешната активност на теренските екипи е полевање на дрворедот и зеленилото во средишната жардиниера на бул. Словенија и Босна и Херцеговина. Наводнувањето го реализиравме со