Косење, расчистување и уредување на зеленилото на кружниот тек, на булевар 8 Септември.
Покрај косењето на тревната површина низ булеварското зеленилото во строгиот центар на градот, теренските екипи од овој реон ги уредија леите со нов сезонски цветен расад.
Со соодветна механизација и опрема, денес екипите на терен го косат зеленилото на кејот на Вардар, во општина Аеродром.
Косење трева и собирање откос на булевар Александар Македонски во населба Автокоманда.
Теренските екипи од реон Чаир денес го уредија зеленилото во општината. Со летен расад е обновена цветната фигура Торта, а искосени се и тревните површини на булевар Христијан Тодоровски Карпош и во паркот Чаир.
Од денешните активности на косење на тревните површини низ градското зеленило, го издвојуваме уредувањето на парковското зеленило во населба Драчево.
Во редовниот план за работа секојдневното косење на тревните површини и собирање откос е приоритетна активност на екипите од реонот Аеродром.