Во рамките на денешните активности екипите од сектор Дрвореди извршија кроење на дрвја на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов и улица Рузвелтова. Активностите се одвиваа на дел од вегетацијата покрај наведените локации, со цел овозможување на видливост и поголема прегледност на сообраќајните знаци и сигнализација за сите учесници.
Забележително се издвојува површината на која периодов посветено работиме на реконструирање на зеленилото, од десната страна на кејот на р. Вардар во општина Карпош, овозможувајќи наскоро прекрасено уреден зелен простор за сите посетители.
Денес камионите се на терен низ реоните Кале, Капиштец и Аеродром, за изнесување на собраниот лист од зеленилото.
Првиот снег во Скопје утрово натежна врз гранките на дрвјата и нискостеблестата вегетација. Дежурните екипи се на терен и ги ослободуваат дрвцата од снегот, со цел да се избегне кршење на гранките. Воедно тие вршат и расчистување на пешачките патеки и клупи во јавните парковски површини.