Денешните активности на сектор Дрвореди на булевар Партизански одреди.
Зеленилото на булевар АСНОМ плени и во зимските денови.
Нашите теренски екипи денеска го збогатија зеленилото во Рајски парк со млади зимзелени садници од фамилијата чемпрес (cupressus arizonica и cryptomeria japonica).
Eкипите од секторот Дрвореди денеска вршеа поткастрување на сувите гранки на дрвјата на улица Рузвелтова.
Собирање лисја, хартија и отпадоци како и товарање на истата маса во камион се дел од вчерашните активности на дежурната екипа во парк Македонија. На овој начин продолжуваме со одржување на зелените површини во градот.
Празничниот продолжен викенд во Скопје за нашите теренски екипи значи и зголемен број на смет, остатоци од петарди, отпушоци од цигари, стаклени шишиња и други видови на отпадоци кои денес се собираа од јавните зелени површини низ целиот град.