Поради најавите од УХМР за нестабилоно време со  поројни дождови, грмежи и засилен ветар, ги информираме граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, за да се избегнат несакани последици. Доклоку забележите паднато дрво ве молиме да пријавите во ЦУК  на тел.112, или на дежурните телефони објавени на веб страната на претпријатието.
Нови зимзелени садници од видот чемпрес денес засадивме во општина Аеродром и Карпош, додека со туја смарагд го облагородивме зеленилото во општина Гази Баба, Аеродром, Центар, Кисела Вода, Чаир и Бутел. Продолжуваме со активностите за раззеленување и уредување на зелената карта на Скопје.
Со сезонска љубичица ја уредуваме цветната леа на кружниот тек на бул. М.Т.Гологанов.
Денеска заедно со директорите на јавните претпријатија од Град Скопје засадивме дрворед од украсни садници од видот јапонска цреша на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов. Посветено работиме на подигање и уредување на зелени површини во градот, согласно приоритетите од планираните проекти, при што Град Скопје и Јавното претпријатие Паркови и зеленило со својата екипа продолжува со
Кроење на украсните јаболчиња на бул. Илинден
Започнавме со пролетното садење на листопадни садници, низ повеќе локации во градот.
Синдикалната организација и претставници на менаџментот на претпријатието со симболичен подарок на колегите кои заминуваат во пензија и оние со полни 25 години работен стаж, им упатија честитки за посветеноста во работата, досегашните вложувања и им посакаа пријатни пензионерски денови.
Отпочнавме со копање на дупки и припрема на теренот за престојното садење на нови садници низ зелените површини во градот.