Денеска заедно со директорите на јавните претпријатија од Град Скопје засадивме дрворед од украсни садници од видот јапонска цреша на бул. Митрополит Теодосиј Гологанов.

Посветено работиме на подигање и уредување на зелени површини во градот, согласно приоритетите од планираните проекти, при што Град Скопје и Јавното претпријатие Паркови и зеленило со својата екипа продолжува со активности и во периодот што следи, за обновување на зелените површини, подигнување ново зеленило и ново партерно уредување.

Share