Косење на тревна површина, дивоизрасна нискостеблеста вегетација, собирање откос и отпадоци сѐ активности на теренските екипи за одржување на зеленилото на кејот на реката Вардар.
Со машини и тримери екипи од повеќе реони денес отпочнаа со средување и уредување на зеленилото по левото течение на кејот на Вардар, на потег од стационарот кај ЈП Лајка сѐ до мостот Близнак во населбата Ново Лисиче.
Предвидените работни активности се одвиваат етапно и ќе продолжат во наредните денови.
Share