Денес во кругот на претпријатието во присуство на директорот Јетон Буќи заедно со дел од раководниот тим и вработени беше презентирана и предадена дел од новата механизација.
Новите моторни тревокосачки со корпа, тревокосачки со три ножа и моторни дупчалки се дополна на постоечката механизација за работа на теренските екипи во одржување на градското зеленило и паркови низ градот.




