Категорија: Тековни информации

  • Хуманоста пред сè!

    По повод светскиот ден на крводарување одржaвме уште една акција – овојпат крводарителска.

    Во организација заедно со Црвениот крст, а во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина, во просториите на претпријатието се реализира акција на дарување крв. Вработените од сите реони на претпријатието земаа активно учество, покажувајќи ја својата хуманост за спасување на човечки животи. Покрај редовните активности и грижата за зеленилото, ова е уште еден од начините да ја покажеме нашата грижа, човечност, хуманост и добрина.
    Голема благодарност до сите учесници, крводарители во акцијата, а особена благодарност за посветената ангажираност на Црвениот крст и Институтот за Трансфузиона медецина.

  • Сезонски активности на уредување на зеленилото!

    Периодов нашите екипи, активно работат на уредување на зеленилото  во пресрет на пролетта. Се врши кроење и кастрење на сувите гранки од дрвјата, кроење и обликување на грмушки, како и сезонско кроење на рози. Со овие активности опфатено е и отстранувањето на диво израснатото зеленило покрај патеките за движење низ  јавното зеленило.

    Истовремено,   се работи на  одржување на чистотата на јавните зелени површини низ градското зеленило со отстранување на смет и отпадоци, и собирање на лисја од тревниците.

    Ова се дел од тековни активности за континуирано, редовно одржување на вегетацијата кои се  адекватни за овој временски период од годината.