Месец Октомври – меѓународниот месец на подигање на свеста на ракот на дојка, и оваа година го одбележавме на симболичен начин со садење цвеќе. Разубавувајќи ја цветната форма панделка во Градскиот парк со нов цветен расад од видот хризантема, директорот Ардијан Муча и техничкиот директор Игор Велјаноски заедно со вработените, припадничките на понежниот пол засадиjа
Продолжува уредувањето и разубавувањето на зеленилото во градот. Така, со нов цветен расад од видот хризантема во кружни форми, се уреди зеленилото на новиот кружен тек во општина Чаир. Трите кружни низи од цветен расад како новина, разиграно му даваат свежина на просторот. Во садењето на новиот расад активно учествуваше и директорот Ардијан Муча заедно
Во реализираните проекти на раззеленување на јавните површини во градот, од деновиве го вбројуваме и зеленилото на булевар Христијан Тодоровски Карпош. На површина од 6.608м² екипите извршија  целосна реконструкција на тревникот со засадување на ново тревно семе и инсталираа нов систем за полевање со прскалки. Потребата од постојано уредување и одржување на јавните површини во
Хризантемата со својата уникатна форма е дел од новиот цветен расад во паркот Чаир. Карактеристична за овој период од годината, заедно со љубичицата,  веќе го разубавеа паркот Чаир. Како почеток на садењето на новиот сезонски расад поддршка даде и директорот Ардијан Муча заедно со дечињата од градинката ЅВЕЗДИ. Заедничката посветеност и трдољубивост на дечињата направија
ОДЛУКА ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ОДЛУКАТА ЗА МЕРКИ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА КОРОНАВИРУС COVID-19
Рачно чистење на езерцата од отпадоци, смет, пластична амбалажа, гранки и лисја се активностите кои вчера ги извршија екипите во вториот дел на Градски парк. Активностите на чистење екипите ќе ги продолжат и денес,  каде ќе се чисти езерцето во првиот дел на Градски парк. Истовремено се одвиваат и редовните работни операции за одржување на
Поради најавите на обилни врнежи проследени со силен ветер и грмотевици во Скопскиот регион до крајот на неделава, ги предупредуваме граѓаните на претпазливост и воедно да внимаваат да не ги паркираат своите возила под високите дрвја, со цел да се избегне настанување на штети и несакани последици.
Поради високите температури кои периодов го зафатија скопското подрачје, и известувањата за зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор, АПЕЛИРАМЕ на зголемена будност и мобилност до сите граѓани. Препорачуваме при престој на јавните површини да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се
Уредувањето на јавните зелени површини низ зеленилото во градот, продолжува понатаму. Екипите периодов започнаа со реконструкција на зеленилото во жардиниерите од лева и десна страна на булевар Партизански ореди. Работните активности на реконструкцијата на булеварското странично зеленило, ќе се одвиваат долж булеварот од двете страни, на потег од мостот Обединети нации сè до улица Рузвелтова.
Поради најавениот засилен ветер кој се очекува утре претпладне од северозападен правец и ќе биде проследен со пороен дожд и град, ги молиме граѓаните да не ги паркираат своите возила под високите дрвја со цел да се избегнат несакани последици.