Поради високите температури кои периодов го зафатија скопското подрачје, и известувањата за зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор, АПЕЛИРАМЕ на зголемена будност и мобилност до сите граѓани.

Препорачуваме при престој на јавните површини да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња, спречувајќи нескани последици од пожари  кои претставуваат потенцијална опасност за животната околина.

Share