Во рамки на своите редовни активности оперативните екипи од секторот Дрвореди се секојдневно на терен реализирајќи Решенија издадени од Сектор за комунални работи на Град Скопје. Денес со максимална ангажираност започнаа со спроведување активности на кастрење и подигање на крошни на дрвја во општина Аеродром со што се овозможува непречено движење на пешаците и велосипедистите
По најавата од УХМР за доцните вечерни часови како и во текот на утрешниот ден, на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, каде ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен јужен ветер, ги информираме граѓаните да не ги паркираат возилата под дрвјата, со цел да се избегнат несакани последици. Доколку забележите
Денес на терен реонските екипи ги спроведоа сезонските активности на уредување на зелените површини низ градот. Низ зеленилото во населбите Топанско поле, Автокоманда, Драчево парковите Жена борец и Градски парк, се работеше на собирање лисја а во делови и товарање на собраната маса во камион. Тековно се одвиваше ѝ косење на зелените појаси на булеварите
Расчистување на зелените површини од паднати лисја, гранки, хартија и отпадоци, чистење на пешачки патеки покрај и низ парковите беа работните задачи кои нашите екипи ги спроведоа со големата акција за чистење на главниот град. Во три смени екипите од секторите: Градско зеленило, Вонградско зеленило, Подигање на зеленило, Механизација и Дрвореди ги реализираа предвидените активности
Координирано и тимски - нашите екипи, заедно со работниците од останатите јавни претпријатија, се дел од големата акција за чистење на градот во организација на Град Скопје. Почнувајќи од вечерните часови со интензивни активности се извршува собирање лисја, хартија и отпадоци, чистење на садовите за одлагање на отпад низ зеленилото парковите, пешачките патеки и паркиралишта