1992 година – со трансформација на ЈКП „Комуналец“ е организирано како посебно јавно претпријатие „Паркови и зеленило“.

1972 година – „Паркови и зеленило“ се здружува со останатите јавни комунални претпријатија на град Скопје, со што се основа ново комунално услужно претрпијатие „Комуналец“.

01.03.1961 година – се ликвидира Управата за градско и вонградско зеленило и се основа КОМУНАЛНО ПРОИЗВОДСТВЕНО ПРЕТПРИЈАТИЕ „Паркови и зеленило“, што претставува нов и значаен период во развојот.

1954 година – Собранието на Скопје основа „УПРАВА ЗА ГРАДСКО И ВОНГРАДСКО ЗЕЛЕНИЛО“, период во кој интензивно започнува да се работи на пошумување на парк-шумите Водно и Гази Баба, Француски гробишта и Зајчев Рид.

1945 година – по ослободувањето на Скопје е интегриран целиот стручен и творечки потенцијал за обнова на зеленилото во Градот и е формирано тогашното претпријатие „ГРАДИНИ И ПАРКОВИ“.

1923 – 1941 година – се појавува организирана активност за уредување на зеленилото во Скопје, кога се подигнати и првите дрвореди, се проширува Градскиот парк, се уредуваат плоштади и помали парковски површини.