По повод светскиот ден на крводарување одржaвме уште една акција – овојпат крводарителска. Во организација заедно со Црвениот крст, а во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина, во просториите на претпријатието се реализира акција на дарување крв. Вработените од сите реони на претпријатието земаа активно учество, покажувајќи ја својата хуманост за спасување на човечки животи.
Периодов нашите екипи, активно работат на уредување на зеленилото  во пресрет на пролетта. Се врши кроење и кастрење на сувите гранки од дрвјата, кроење и обликување на грмушки, како и сезонско кроење на рози. Со овие активности опфатено е и отстранувањето на диво израснатото зеленило покрај патеките за движење низ  јавното зеленило. Истовремено,   се работи