Категорија: Слајдер

  • Потпишан Меморандум за соработка со „Го сакам Виножитото“ – Скопје!

    Потврдувајќи ги заложбите за заедничките активности, вчера директорот на ЈП „Паркови и Зеленило“ – Скопје, Ардијан Муча, и Здружението за помош на деца со посебни потреби, „Го сакам Виножитото“ – Скопје, потпишаа Меморандум за соработка.
    Целта на соработката е активно вклучување на децата  со посебни потреби во секојдневниот живот  и регулирање на начинот на соработка за заеднички активности од областа на хортикултурата, одржување на животната средина, изградба на паркови и игралишта за деца со посебни потреби, со обезбедување донации и од домашни и меѓународни донатори.

    Продолжуваме со проекти со кои сите деца придонесуваат во заштитата на животната средина.

  • Булевар „8 Септември“ со ново зеленило!

    Целосно реконструирање со нов тревник, нов систем за полевање и ново хортикултурно уредување на простор од 3.500м² од денес го разубавува  булеварот „8 Септември“. Ги потврдуваме нашите заложбите за зазеленување во близина на сообраќајниците низ градот. Екипите на јавното претпријатие продолжуваат и во наредниот период со реконструкција на зеленилото и на останати локации низ градот.

     

  • Нова зелена површина на бул. Никола Карев

    Нов тревник, хидрантска мрежа и прскалки ќе ја разубават десната страна на бул. Никола Карев, во правец кон х. Континентал. Екипите на терен реконструираат 3800 м² странично зеленило а потоа ќе започнат и со работа на уште 3300 м² на средишната површина на булеварот, каде ќе се постави нов систем капка по капка, тревник и млади садници кои ќе бидат насадени на есен.

  • Парк за миленици

    Како претпријатие водејќи се од начелата и принципите за зачувување на животната средина, се  грижиме за уредување на зеленилото, а како составен дел на јавните зелени површини и за парковите за миленици.

    Адаптирани, со соодветни елементи за рекреација наменети за домашни миленици овие паркови ги изградивме на повеќе локации во градот. Заложбите во овозможување на соодветни услови и за животните  во урбаните средини се показател на нашиот придонес за уредена колективна животна околина.

  • Паркот во Сарај

    Оваа убавина не е ниту во Швајцарија ниту во Германија, туку во паркот САРАЈ – точно во срце на Скопје.
    И ние имаме кристално природна убавина, ајде заедно да ја чуваме, да ја промовираме, и да му ја знаеме вредноста.

  • Нови садници низ зеленилото во градот

    На повеќе локации во градот, изминатиов период нашите екипи извршија садење на млади садници. Липа, платан и декоративна сребрена елка се дел од дрвјата со кои се уредија повеќе зелени површини во Скопје. Оваа акција на садење листопадни и зимзелени садници низ постоечкото зеленило, како и надополнување на местата каде e потребно, се дел од активностите на планираното уредување на зеленилото и животната средина.

  • Хуманоста пред сè!

    По повод светскиот ден на крводарување одржaвме уште една акција – овојпат крводарителска.

    Во организација заедно со Црвениот крст, а во соработка со Институтот за Трансфузиона медицина, во просториите на претпријатието се реализира акција на дарување крв. Вработените од сите реони на претпријатието земаа активно учество, покажувајќи ја својата хуманост за спасување на човечки животи. Покрај редовните активности и грижата за зеленилото, ова е уште еден од начините да ја покажеме нашата грижа, човечност, хуманост и добрина.
    Голема благодарност до сите учесници, крводарители во акцијата, а особена благодарност за посветената ангажираност на Црвениот крст и Институтот за Трансфузиона медецина.