Покрај секојдневното собирање на паднатите лисја низ зелените површини, деновиве ќе забележите и кроење на садниците и грмушките од вредните раце на теренските екипи низ булеварите и парковите во градов.
Во aктивностите на есенското садење млади садници го вбројуваме и Рајски парк, во населбата Ново Лисиче. Денес екипите од тој реон вршат засадување со зимзелена грмушка од видот фотинија, оформувајќи лавиринт. Новиот лавиринт совршено се вклопува во амбиентот на оваа парковска површина.
За центарот на градот да биде секогаш убав, со сезонски цветен расад и нови садници се потрудија екипите од реонот Ректорат, давајќи го својот несебичен придонес.
Со нови листопадни, зимзелени садници и грмушки деновиве хортикултурно го облагородивме зеленилото во паркот на улицата Јужноморавски бригади во општина Гази Баба. На новоподигнатиот зелен плоштад кој претходно беше неуреден простор, извршивме негово целосно расчистување и уредување на локацијата со формирање тревник со површина од 4.850м2. Автохтоните садници го дополнуваат изгледот заедно со останатите содржини
Завршуваме со цветното разубавување на Градскиот парк за оваа есен, каде цветната разноликост од бои разиграно се издвојува низ зеленилото во паркот.
На оваа локација која долги години беше неуредена, веќе се забележува тревната површина, каде деновиве екипите хортикултурно ја уредија со садење на нови нискостеблести растенија од видот euonymus alatus.
Денес, бевме дел од организацијата на садењето на нови дваесет садници во Градскиот парк. Центарот за истражување и информирање во животната средина Еко-свест, по повод 20 години од постоењето, симболично донираше 20 листопадни и зимзелени садници кои беа засадени во Градскиот парк, најомиленото место за одмор и рекреација на скопјани. Пораката која до јавноста се
Веќе се гледа трудот и посветената работа на екипите од СРЦ Сарај, Водно и Гази Баба. По налог на Град Скопје завршени се дел од видиковците кај с.Крушопек, с.Шишево, во близина на патот кон с.Нерези и подножјето на падините на Водно. Во престојните зимски денови, како бегство од аерозагадувањето овие парковски елементи сигурно ќе бидат
Градот Скопје има потенцијал да прерасне во зелен рај, со реализација на мега парковите, нови зелени површини и садници, реконструкции и одржување на постоечкото зеленило и заштита на Водно, зелениот штит на градот. Заштитата и зачувување на животната средина значително ќе придонесе за повисок квалитет на живот во нашето Скопје. Затоа оваа година реализиравме двојно
Нови листопадни и зимзелени садници деновиве се садат на повеќе локации во градот. Активностите на садење ќе се одвиваат етапно, на веќе планирани локации низ зеленилото покрај  булеварите и парковите. Надополнување на зелените површини  во градот со нови садници, е дел од планираните утвредни проекти во програмата за работа на претпријатието  во соработка со Градот