Традиционално го одбележавме месецот на борбата против ракот на дојка.
Денес директорот Јетон Бучи заедно со претставнички од здружението Езра и тимот на претпријатието засадија хризантеми оформувајќи ја цветната панделка во Градскиот парк, место кое секогаш не потсетува на Розовиот месец.
Симболично давајќи поддршка на борбата на жените кои се справуваат со оваа болест, розовите цветови даваат посебен сјај на цветната форма во паркот.