Во тек е проектот за целосна реконструкција на зелениот појас на десната страна на кејот на река Вардар, која се одвива во повеќе фази со цел уредување на мултифункционален јавен простор со ново зеленило.

Со обнова на зелениот појас на кејот на реката Вардар од мост Генерал Михајло Апостолски до мостот Близнак, во должина од над 1500 метри должина, се поставува нова хидрантска мрежа и формира над 12 000 метри квадратни нова зелена површина.

Активностите периодов се одвиваат претежно на рамнење на новонанесената плодна почва, расчистување на теренот по што следат останати тековни работни операции.

Share