Денес со машинско косење на тревната површина теренските екипи започнаа уредување на страничното зеленило и жардиниера долж булеварот Александар Македонски.
На потег од мостот во населбата Маџари, сѐ до регионалниот пат Скопје – Велес на излез од градот се коси тревната површина и дивоникната нискостеблеста вегетација, со цел овозможување на поголема прегледност и безбедност на учесниците во сообраќајот.
Динамиката на активностите за средување и уредување на теренот ќе продолжи и во наредните денови.