На 16-та Македонска Бригада во општина Гази Баба теренските екипи од Секторот Подигање зеленило, започнаа со реализација на хортикултурно уредување на паркот „Скулптура“ со вкупна површина од 4.200м². Со активности на интервенција на целата вегетација, земјени работи, изнесување на шут, обнова на почвата, ќе се изврши и поставување на систем за полевање со што ќе се овозможи континуирано одржување на зеленилото. На просторот на новопредвиденото зеленило се планирани и ќе се насадат зимзелени и листопадни садници, грмушки и перени кои функционално и естетски најмногу одговараат на просторот и кои се прилагодени на нашите климатски услови. Изборот е направен на видови кои хортикултурно одговараат на ваков тип на уредување, и имаат отпорност на издувни гасови и аерозагадување. Со зимзелени садници ќе се изгради зелен појас помеѓу сообраќајната лента и паркот, со што поситителите ќе бидат заштитени од издувните гасовите и бучавата предизвикана од моторните возила. Реализацијата опфаќа неколку етапи кои последователно се поврзани и тоа: – пополнување на површинатa со високо квалитетна почва
-рамнење на почвата
-изведба на систем за полевање капка по капка,хидранти и прскалки
– припрема на почвата за садење
– садeње вегетацијa
– формирање на тревник.