На барање на компанијата Деа-ком која најодговрно покажа грижа за зачувување на јавното зеленило и дрвјата, во соработка со екипите од секторот Механизација, на ЈП „Паркови и зеленило“- Скопје извршивме пресадување на шест дрвја од видот туја. Причината за пресадувањето се наметна од потребата за изградба на дел од коловозна лента на бул.Партизански одреди бр.165, а со тоа и одземање на дел од зеленилото. Дрвјата од оваа локација со соодветно возило ги пресадивме во непосредна близина на црквата Св. Петар и Павле во Ѓорче Петров, грижејќи се на тој начин и за верските објекти во градот. Како општествено одговорна компанија подготвени сме секогаш да застанеме на располагање за ваков вид услуги, со цел зачувување и продолжување на животниот век на секое едно стебло во градот. Успешното реализирање на оваа акција за пресадување нека биде пример и за останатите компании кои се грижат за зеленилото и животната средина.

Share