Еден од приоритетните проекти на кои интензивно и посветено периодов екипите работат во координација со Град Скопје, е отпочнувањето на подигање на мега паркот во општина Ѓорче Петров на место на долгогодишната дива депонија. Во Скопје, со оглед на состојбата со загадувањето, особено во зимскиот период, неопходно е подигање на нови зелени површини кои се важни за граѓаните .
Така, реализацијата на капиталниот проект за изведба на овој прв парк од петте предвидени мега паркови, денес во присуство на градоначалничката Данела Арсовска, директорот Ангеле Сотировски, директорот на ЈП Улици и патишта Борис Настов и градоначалникот на општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски на пресот за медиуми беа истакнати и потенцирани насоките и планираните активности за целосно формирање на новиот мега парк во општина Ѓорче Петров.
Директорот Сотировски, заблагодари за заложбите на Градоначалничката Арсовска, за овозможување за изградба на мега паркот и придонесот за зголемување на зелените површини низ градот. Тој, исто така нагласи дека се работи за нова зелена површина со над 30000м² за граѓаните на општина Ѓорче Петров, но и за сите граѓани на град Скопје . Проектот е предвиден етапно да се спроведува каде ќе се изврши темелна обработка на почвата, длабинско чистење и орање на површината, по што ќе следи нанесување на плодна хумусна почва со цел да се добие квалитетен тревник. Предвидено е и поставување на систем за наводнување.
Ова се дел од чекорите кои кон темелно и посветено сме насочени за подигање на нови зелени повшини и паркови низ градот, со цел за заштита и подобрување на состојбите со животната средина.