Во производните погони на Флораком ДООЕЛ, започнаа подготовките за производство на летниот расад, чии цветови ќе ги красат цветните леи низ јавните зелени површини во градот. Отпочнувајќи со сеење на семето од видот тагетес и петунија во расадниците, на работниците успешна работа  им посака и директорот Сотировски. Во интерес на поддршката и посветеноста во работата на целиот тим, покрај посетата директорот им се приклучи и даде свој придонес во самата работа. Информирајќи се за самата постапка на производството на цветниот расад, тој ја нагласи и потребата од  понатамошна уште поголема работна ангажираност на сите капацитети на претпријатието. Процесот на производство на цветен расад, опфаќа неколку фази, каде покрај веќе насеаните видови, ќе се засеат и други видови на летен расад.

Share