Уште една неуредена површина, прерасна во голем парк. Поточно, депонијата помеѓу улица Лазар Димитров и железничките пруги во општина Кисела Вода, каде што во изминатиов период екипите работеа на расчистување и уредување на просторот. На површина од 14.400м², екипите извршија и инсталирање на нов систем за полевање, со прскалки, како и зазеленување на јавната површина, по што во периодот за садење, ова зеленило ќе се разубави со нови садници. Токму овие зелени делови од градското зеленило, сé од особено значење, во овој брз развој на урбанизмот во градот.

Share