Ја информираме јавноста дека, викендов  30 и 31 јули, наши екипи на булевар Борис Трајковски бр.9 ќе вршат интервенција за отстранување на две дрвја. Се работи за две ризични (опасни) дрвја, кои се со висина од над 35метри и кои се навалени над околните куќи и со голем ризик и имаат опасност од паѓање. Акцијата е планирана да се одвива два дена, каде што настанот е пријавен во СВР и ЕВН. Двете екипи од Секторот Дрвореди во кои ќе бидат вклучени два камиона, две  возила платформи, еден камион и багер, во активностите ќе биде ангажирано и возило на Противпожарната бригада за целосно спроведување на акцијата.

Share