Денес,  Генералниот директор г. Зухејр Реџепи ги посети производните погони на претпријатието во Флораком и направи увид во активностите на производство на цветен расад. Тој се запозна со процесот на производство и им посака успешна работа и поддршка на работниците кои оваа година произведоа близу половина милион парчиња зимски расад.Видовите: хризантема, виола, брасика, украсна зелка, миозотис, белис перенис и други ќе ги красат цветните леи и цветните фигури и ќе внесат колорит и боја во зимскиот пејзаж на градот. Посветено продолжуваме со заложбите за чист и зелен град со се повеќе нови уредени површини.

Share