Во овој период од годината, особено во месец мај е вистинско време за уредување и разубавување на зеленилото со засадување на цветен расад. Покрај тековното косење на тревните површини, кроење на вегетацијата исто така посебено разубавување на јавните зелени површини  во периодот што следи екипите ќе отпочнат со подготовка на површините за садење на сезонскиот цветен расад. Така, за потребите на претпријатието во реализирање на целите за уредување на цветните површини низ градското зеленило, веќе целосно е подготвен летниот цветен расад. Во производствените капацитети на Флораком ДООЕЛ од цветниот расад се произведе: бегонија, петунија, агератум, тагетес, винка, колеус, салвиа, циниа, пеларгониум и целосија.

Секако, овој широк асортиман од цвеќе може да го набават и граѓаните за разубавување и освежување на своите градини, дворови и балкони. Воедно, тие исто така слободно можат да се обратат за консултации и совети на нашите вработени лица за тоа како да ги негуваат, одгледуваат и заштитат цвеќињата и растенијата во пролетните и летните месеци,  а како понуда можат да набават и плодна земја и тресет за расадување на цвеќињата, растенијата и садниците.

Share