Месец Октомври – меѓународниот месец на подигање на свеста на ракот на дојка, и оваа година го одбележавме на симболичен начин со садење цвеќе. Разубавувајќи ја цветната форма панделка во Градскиот парк со нов цветен расад од видот хризантема, директорот Ардијан Муча и техничкиот директор Игор Велјаноски заедно со вработените, припадничките на понежниот пол засадиjа цвеќе, боејќи го препознатливиот симбол „розова панделка“ давајќи силна поддршка и порака за оваа борба против ракот на дојка. Како општествено одговорна компанија, и овој пат продолжуваме со заложбите во помагањето за подигнување на свеста, давајќи несебична поддршка на лицата кои се борат со оваа тешка болест.

Ова е една мала, но значајна поддршка до сите нив, зошто секој заслужува шанса да се бори!

Share